Анастасија Ј. Гапиќ

Анастасија Ј. Гапиќ: Плус-сајз колекцијата за пролет-лето 2018 дизајнирана со бои на љубовта

За предизвикот на маладата дама Анастасија Јовановска Гапиќ да отвори модерен и шик бутик за плус-сајз Луна, директно во центарот на градот до амбасадата на Грција, за потребите на пазарот, како и директната комуникација и искреноста со клиентите е клуч за успех на мал бизнис со визија да прерасне во голема модна куќа разговараме токму со неа.

Макмода: Конечно во Македонија специјализиран бутик за плус-сајз гардероба. Од кадe потребата?

Анастасија Јовановска Гапиќ: Како и многу други девојки и жени се имам соочено со прекумерната тежина и предизвикот да се најде модерна облека со поголеми броеви. Истото ме натера да размислувам во правец дека во Македонија има недостиг на такви производи на пазарот. По подолго размислување се охрабрив и решив да инвестирам во еден таков бизнис.

Макмода: Каков е трендот за пролет-лето 2018 за плус-сајз гардероба во Луна?

Анастасија Јовановска Гапиќ: Во Луна се водиме од тоа дека плус сајз гардеробата не треба да се разликува од трендот на останатите модни парчиња. За сезоната пролет-лето 2018 година спремаме колоритни производи, кои ќе ги исполнат  нашите дами со љубов и позитивно расположение. Ќе преовладуваат пастелните и свежите бои, многу детали и секако џинс. Соработуваме со специјализирани брендови за плус сајз гардероба кои сите трендови ги прилагодуваат во кроеви и модели соодветни за нашите прекрасни дами со облини.

Макмода: Освен плус-сајз, ја ширите палетата на гардероба и деним линија со онлајн продажба. Како и што може да се купува?

Анастасија Јовановска Гапиќ: Тоа всушност ќе биде посебна, самостојна онлајн продавница Luna-Denim Store, преку алатката facebook shop. На истото не натера големиот број на жени кои влегуваат во нашиот бутик и на кои им се допадна квалитетот и моделите на фармерките со поголеми броеви. Затоа се одлучивме на овој чекор. Ќе понудиме машки и женски џинс производи, а ќе имаме и модели за трудници. Продажбата ќе оди онлајн а ќе вршиме достава низ цела Македонија.

Макмода: Какви се предизивиците на Луна при изборот на облеката квалитетот, цената?

Анастасија Јовановска Гапиќ: За квалитетот можеби најдобро ќе кажат нашите клиенти, но тоа што за релативно кратко време стекнавме широка база на редовни купувачи зборува само за себе. Цените се трудиме да бидат фер и достапни за сите.

x

Check Also

Слатки како шеќер: Лакирани патики од Bershka во шеќерна нијанса

Меѓу големиот избор на патики за летната сезона, погледот ни застана на ...