Анастасија Јовановска Гапиќ

Анастасија Ј. Гапиќ: Трендовска плус-сајз колекција за есен-зима за жени со самодоверба

За трендот оваа сезона есен-зима за дамите со облини, како и потребата нивна за тоа како да се облечат и каков совет им е потребен, разговаравме со сопственичката на плус-сајз бутикот Луна, Анастасија Јовановска Гапиќ.

Бутикот за плус-сајз гардероба ЛУНА веќе две години ги облeкува македонските дами во најновите трендови. Што ќе понудите оваа сезона?

Анастасија Јовановска Гапиќ: Ова сезона есен-зима 18/19 имаме голем избор на парчиња како за секојдневниот изглед така и за посвечените пригоди за нашите дами. Ние, внесовме и шарени дезени во изборот со цел да ги отргнеме купувачите од стереотипот дека мора да бидат облечени во црно или во зимски тонови. Среќни сме што ја проширивме нашата соработка со повеќе модни куќи од Турција кои се истакнати во светот на модата и препознаени од светските модни списанија како ELLE и BURDA, а биле дел и од fashion week-от во Истанбул, што зборува за нивната сериозност како брендови. И оваа сезона како и претходните нашиот прв приоритет е квалитетот на производите кој е потврден од нашите верни клиентки.

Што ви покажува искуството, кои се најголемите потреби кај жените кои носат плус-сајз гардероба?

Анастасија Јовановска Гапиќ: Модата постојано се менува и усовршува, но сите овие години индустријата наметнува еден стереотип за тоа што е убаво кај една жена, а тоа е висока и тенка женска фигура. Убавите парчиња облека се стилизирани за жени без облини и можеби несвесно, но сепак етикетираат. Понудата на модерни парчиња гардероба за жени со облини е навистина мала, неземајки во предвид дека на нашето поднебје има големи, силни и прекрасни жени кои сакаат да се “скоцкани“ од глава до пети. Затоа ние во Луна, се трудиме да понудиме поинаква гардероба која буквално ќе ги опфати сите генерации.

Кој е вашиот совет за дамите за овој период од годината?

Анастасија Јовановска Гапиќ: Не се ставајте во рамка за тоа што треба да носите, едноставно нема правила! Доколку се чувствувате женствено и секси во оној тесен фустан што ви виси во плакарот, а ниту еднаш не сте го облекле, ве охрабруваме наредната пригода да се дотерате токму во него. Нема ништо поубаво од жена која блика со самодоверба и среќа. И секако посетете не во нашиот бутик спроти грчка амбасада за да се подновите за новогодишните прослави.

x

Check Also

Џиџи Хадид во карирано палто од зимската колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е позната како фан на модната марка MANGO, па ...