Анџелина Џоли: Делот од нас кој е слободен не може да биде замолкнат од болката

Холивудската глумица Анџелина Џоли ја краси декемвриската насловна страница на списанието Harper’s Bazaar. 

Фотографирана од Солв Сандсбо, Џоли за насловната е облечена во златен Оскар дела Рента фустан. Ѕвездата на филмот ‘Maleficent 2’ во едиторијалот носи креации од актуелните колекции на луксузните модни марки, како Булгари и Џамбатиста Вали. -Делот од нас кој е слободен, див, отворен, љубопитен, не може да биде замолкнат од животот. Од болката или од повредувањето. Моите деца го знаат моето вистинско јас и ми помогнаа повторно да го пронајдам и да го прифатам. Поминаа низ многу работи. Учам од нивната сила. Како родители, ги охрабруваме нашите деца да прифатат сè она што се, и сè што чувствуваат во нивните срца да биде исправно, и тие гледаат назад кон нас и го сакаат истото за нас “, вели Џоли во интервјуто. Погледнете како изгледа Анџелина Џоли за Харперс Базар. 

x

Check Also

Версаче со ретро кампања и Хелена Кристенсен за празничната сезона

Супермоделот од 90-те години, Хелена Кристенсен заедно со мултимедијалната артистка Сара Бејкер ...