Анџелина Џоли и Бред Пит во проблеми со разводот

Поранешниот славен пар изгледа дека се соочува со бројни проблеми за да се разведат.

Анџелина Џоли и Бред Пит сè уште не го дефиниралe нивниот развод. Поранешните сопружници побарале од судот повеќе време за да успеат да постигнат финансиски договор што би бил од полза за обајцата. Станува збор за мултимилионски развод, а Џоли и Пит побарале правилно да ги расподелат финансиските средства.

Најголем проблем, всушност, претставувал замокот во Франција, наречен  Шато Мирвал, со посед од лозја, кој заедно го купиле во 2011 година, а со намера да го остават во наследство на нивните шест деца.

Да се потсетиме, Пит и Џоли се вљубија во 2004 година, за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, а една година подоцна, Пит се разведе од глумицата Џенифер Анистон. Во 2006 година, Џоли јавно изјави дека очекува дете од Бред Пит. Крајот на големата љубов беше објавен во 2016 година.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...