Анџелина Џоли е вљубена во Киану Ривс, имаат ли нешто повеќе?
Дали Анџелина Џоли и Киану Ривс флертуваат? Озборувањето беснее по “бомбата” што ја фрли австралискиот таблоид NW, според кој врската меѓу Џоли и Ривс е родена во 2017 година на едно заедничко патување во Грција. Сепак, ова се само гласини, бидејќи нема докази за наводната афера меѓу двете ѕвезди. „Тие никогаш не работеле заедно и никогаш претходно не се сретнаа, се до минатата година”, вели анонимен извор за таблоидот.
Весникот NW пишува дека децата на Џоли, која инаку е сеуште во судски спор со Бред Пит околу старателството на децата, наводно ја одобруваат врската на мајкаси со Киану Ривс. Информаторот на редакцијата NW вели – Ги сака децата и има одлично влијание на Анџелина. Тој е толку љубезен и великодушен, ги има сите квалитети кои Анџелина сега ги сака во еден човек.
Што се однесува до Ривс пак, во весникот се вели – Него го привлекуваат мистериозни жени како Анџелина.
Наводно, мајката на Ривс која знае за оваа врска инсистирала да ја обелоденат. Таа била во одлични релации со глумицата, а сакала и синот да си го види среден, со семејство.
Според списанието пак, Gossip Cop, кое исто така пишуваше за аферата Џоли-Ривс, единственото сомневање е во тоа што тие не се „уловени“ за сега од папараците. Во меѓувреме, списанието Пипл објави дека „Џоли е сама и не ја интересираат други средби“. Па, така „бомбата“ која од Австралија се распрсна низ светот, останува, за сега, шпекулација.