Анџелина Џоли: Ме привлекуваат луѓе кои се единствени, различни и праведни

Стареењето не е многу забавно, освен ако не сте Анџелина Џоли.

„Се гледам во огледалото и гледам дека изгледам како мајка ми, а тоа ми се допаѓа“, вели 42-годишната актерка за „Инстајл“ магазинот. „Исто така се гледам себеси како стареам, и го сакам тоа, затоа што тоа значи дека сум жива – живеам и стареам“, продолжува Џоли.

Џоли, позната како една од најубавите жени во светот, ги признава своите недостатоци (и покрај тоа што голем дел од фановите не можат да ги видат).

„Она што ми се допаѓа не е поврзано со структурата или изгледот. Повеќе е, дека го гледам моето семејство во моето лице. Ја гледам мојата возраст. ”

Што се однесува до нејзиниот таен трик за убавина, добитничата на Оскар има еден цврст совет: Бидете тоа што сте!

„Луѓето што се за мене прекрасни се оние кои не „паѓаат“ на нечие туѓо мислење за она што е соодветно или убаво“, вели глумицата за списаието. „Отсекогаш сум била привлечена од луѓе кои се единствени, различни и праведни, односно од луѓе кои се „свои““.

x

Check Also

Жешка кампања на Викторија сикрет за есен 2019

Викторија сикрет ги објави првите фотографии за кампањата за долна облека за ...