Анџелина Џоли против Бред Пит: Не плаќа доволно алиментација за децата!

Анџелина Џоли смета дека нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит, не и дава доволно пари за издржување на децата. Но, реалноста изгледа поинаку.

Анџелина Џоли им се врати на расправиите околу разводот со Бред Пит. Глумицата се изјаснила пред судот дека нејзиниот екс сопруг плаќа незначителна алиментација за децата, по разделбата во септември, 2016. Со оваа изјава таа уште еднаш се обиде да го прикаже Пит во лошо светло.

„Пит има должност да плаќа алиментација. До денес, нема платено ниедна значајна сума за економско издржување на децата“, ваква била изјавата на Џоли и побарала од судот да донесе решение за ретроактивна алиментација. Дополнително, Џоли не сакала да ги потпише документите за развод се додека не се одреди фиксна (и значителна) алиментација.

Оваа информација, всушност, е запишана во документите на адвокатката на Џоли, Саманта Блеј де Џин од Лос Анџелес, кои сепак, стигнале до новинарите.

Но од другата страна медалот изгледа поинаку. Адвокатот на Пит тврди дека Бред секогаш ги почитувал датумите за плаќање на алиментација, која воопшто не е незначителна. И што е поважно, „глумецот пред разделбата и остави на својата екс сопруга милиони и милиони долари, многу повеќе од тоа што судот треба да го одреди за фиксна алиментација“, објаснува тој.

Бред пак, ја користи секоја прилика да ја искаже својата желба дека сака да остане во добри односи со Џоли за да можат заедно да ги издржуваат и гледаат децата, како родители.

Во меѓувреме, сметајќи дека разводот предолго трае и дека е премногу тежок поради екстремните барања на Џоли, една од адвокатките на Џоли го предала случајот на друга колешка.

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет позираат за нова рекламна кампања

Ангелите на Викторија сикрет повторно се обединија во фотосесија за нова рекламна ...