Анџелина Џоли во модно издание кое потсетува на стилот на Меган Маркл

Дали Анџелина Џоли го ископира стилот на Меган Маркл?

Од изборот на нежната сива нијанса, до моделот на шапката и чантата, секако дека модниот избор на Џоли потсетува на модните избори на војвотката од Сасекс.

Глумицата изгледаше кралски елегантно кога се појави на меморијална служба во катедралата Сент Пол во Лондон, со која се одбележа 200. годишнината од постоењето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ.

За ваквиот изглед на Џоли се погрижи луксузната модна куќа „Ралф и Русо“. И модните додатоци се истотака, од марката„Ралф и Русо“.

x

Check Also

Улична мода: Женствените парижанки на Неделата на висока мода во Париз (ФОТО)

Неделата на висока мода во Париз тукушто започна. Париз е моден центар ...