АНДРЕ РИУ пристигна во Скопје

Вечерва (четврток, 6-ти јуни) со почеток во точно 20:00 часот, во Вип Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, македонската публика ќе има ексклузивна можност да биде дел од величествениот концерт на светската музичка ѕвезда АНДРЕ РИУ! Мегапопуларниот диригент и виртуоз на виолина, АНДРЕ РИУ ширум светот прославуван како современиот „Крал на валцерот“ заедно со својот 60-член Оркестар „Јохан Штраус“ и уште 20-тина гости музичари кои ќе го придружуваат на сцената, но и тим составен од повеќе од 50 професионалци кои се грижат за продукцијата и техничката реализација на концертот, веќе пристигнаа во Скопје за неговиот премиерен настап во Македонија.

Несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време е секогаш синоним за вистински концертен спекткл. Андре Риу секаде ширум светот настапува пред 600,000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана. А концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични мелодии, како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.

Заедно со неговиот Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот и вечерва, за прв пат пристигнува и кај нас, со концерт во организација на „Пасворд Продакшн“.

Важни информации за посетителите на концертот на Андре Риу:

  • Онлајн купените билети не треба да се заменуваат. Треба само да го испечатите PDF документот (ваучерот) кој го добивате во прилог на мејлот и истиот е Вашата влезница за концертот.
  • Влезот за посетителите ќе биде отворен во 18:30 часот.
  • Почетокот на концертот е ТОЧНО ВО 20:00 ЧАСОТ! Апелираме со молба до сите посетители да дојдат на време на концертот, бидејќи концертот ќе започне точно во 20:00 часот без одложување.
  • Концертната програма вклучува и пауза од 21:00 до 21:20 часот.
  • За време на концертот, покрај стандардното правило за забрането внесување на предмети кои можат да ја загрозат безбедноста на настанот, нема да биде дозволено и внесување на професионална опрема за снимање или фотографирање, храна и пијалоци.
  • Во концертната сала ќе бидат присутни и 70 редари и волонтери кои Ви се на располагање за секаква помош околу наоѓање на Вашето седиште.
  • За фановите на Андре Риу, во холот пред концертната сала, ќе биде поставен и продажен штанд со официјални промотивни производи и сувенири (official merchandise). Штандот ќе работи од 18:30 до 23:00 часот, па доколку немате време да го разгледате пред концертот, тоа ќе можете да го сторите за време на паузата или и по завршувањето на концертот.
  • Паркингот на ВИП АРЕНА „Борис Трајковски“ е со ограничен капацитет, а поради големиот број посетители на овој концерт, за да ги избегнете гужвите ве советуваме да дојдете што порано во Арената и да користите јавен градски превоз и околни паркинзи.
  • И конечно, Андре Риу пристигнува во Скопје со целосна сопствена продукција, 9 шлепери со опрема, комплетна костимографија и сценографија, речиси 80 музичари на сцена и повеќе од 50 луѓе задолжени за техничката реализација. Овие бројки само ја потврдуваат големината на овој музички уметник и пред нас е несомнено концертен спектакл каков што досега не сме имале прилика да погледнеме во Македонија. УЖИВАЈТЕ во настанот од кој сигурни сме дека ќе понесете бесценето доживување на кое секогаш ќе се сеќавате!

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...