Андреј Папаз најуспешен моден дизајнер за 2017 година

Уникатниот моден дизајнер и костимограф Андреј Папаз прогласен за најуспешен дизајнер на престижната манифестаија Избираме најуспешни битолчани. Настанот се одржа во организација на традиционалниот Битолски весник, по 19ти пат, во Битола на кој присуство имаше гости од целата држава.

Андреј Папаз

„Навистина ми е чест во мојот роден град по втор пат да ме прогласат за најуспешен моден дизајнер. Оваа награда ја посветувам на моите љубители на модата, како и на семејството кое ми ја дава комплетната поддршка. Верувам дека 2018 година имам големи предизвици пред себе и со гордост најавувам нови проекти и креации“ вели Папаз.

Креации на Папаз од настанот

Папаз препознатлив е по раскошните креации и гламурозните фустани. Зад себе има реализирано две модни ревии на Моден Викенд во Скопје, Враќање на антихеројот и Подем на Гревот. Има креирано голем број на костимографии за претстави ширум македонските театри, а и костимографии за телевизиски серии.

 

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...