Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски старо-нови шампиони

Во неделата на 4-ти јули во Скопје се одржа Националното првенство на Македонија во полумаратон, како дел од календарот на Атлетска Федерација на Македонија.

И оваа година победници на полумаратон во Националното државно првенство на Македонија се Андријана Поп Арсова (АК Делта) кај дамите и Дарио Ивановски (АК Делта) во машка конкуренција.

Првите три места во женска конкуренција ги освоија членовите на АК Делта. Андријана Поп Арсова заврши прва на целта со време од 1:29.00, зад неа беше Миљана Ристиќ со време од 1:35.30, додека на третото место и припадна на Маја Рајчина 1:37.22.

Женска конкуренција

1.       Андријана Поп Арсова (АК Делта) 1:29.00
2.       Миљана Ристиќ (АК Делта) 1:35.30
3.       Маја Рајчина (АК Делта) 1:37.22

Во машка конкуренција победникот, Дарио Ивановски  (АК Делта), полумаратонот го заврши со време од 1:11.41. Второто место му припадна на неговиот клупски колега, Атанас Анчевски (АК Делта), тој оствари време од 1:13.12. Кокан Ајановски од NRC – NIKE + RUN CLUB SKOPJE го освои третото место 1:17.09.

Машка конкуренција

1.       Дарио Ивановски (АК Делта) 1:11.41
2.       Атанас Анчевски (АК Делта) 1:13.12
3.       Кокан Ајановски (NRC – NIKE + RUN CLUB SKOPJE) 1:17.09

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...