Анета Димитриевска & Anechi’s Atelier, филигранска нослива уметност со трајна вредност

Како започна Вашата филигранска приказна?

Еден убав мајски ден решив дека е време да преземам нешто во врска со мојата потреба за креирање филиграни…

10394838_603756026423891_3842552599249610888_n

Инспирација, мотивација, трагање по совршениот дизајн … 

Инспирацијата е насекаде. Шетајки во природа, на кафе дружба со пријатели…
Се што ми привлекува внимение без разлика дали тоа е од околината, па и ситуација во која сум се нашла, инспирира.1456609_608407879292039_1483203703064151697_ns

Различните расположенија носат своја креација. Креација, која никогаш нема да биде понесовршена од претходната, но поразлична и автентична по начинот на кој се создала.10540354_578634662269361_7906982240839431178_n
Она што сакам да кажам е дека не верувам дека постои парче филигран изработено со љубов и посветеност кое нема да го восхити набљудувачот.1375711_578634698936024_1483024276432500499_n

Што е филигранот за вас ?

Сувопарната дефиниција за филигран би била посебен,специфичен начин на изработка на накит.Но, филигранот е многу повеќе од тоа.10805762_578644325601728_1697459580084632844_n
Тој е  уникатен начин на изразување на чувствата, расположенијата и доживувањата. Исто како што музиката не е само звуци кои ги слушаме во етерот, исто како што една слика не е само боја на платно…10645141_578646195601541_2379969473600609361_n

Колку долго трае вашата страст по оваа уметност ?

Кога би рекла отсекогаш не би ве излажала. Но, не верувам дека од секогаш сум знаела дека ќе правам филигран.10850234_578647522268075_2644586740058305269_n
Едноставно многу ме привлекуваше филигранскиот накит уште кога го разгледував по сто пати накитот на мајка ми како малечка.10245298_578653058934188_5708741601886786260_n
Подоцна како тинејџерка за секое излегување си правев накит од се што ќе најдев употребливо дома за таа намена. Го растурав, па преправав…и многу подоцна почнав да изучувам изработка на филигран.10850281_578653088934185_5078174323937153904_n

Каде може да се најде филигранот на Anechi’s Atelier ?

Моите филигрански креации за сега може да се видат на мојата facebook страна како Anechi’s Atelier, а оние кои се заинтересирани можат да ме контактираат со порака во inbox.

… исто така може да се разгледаат и на профилот на Pinterest, My work, silver filigree , а ако сакаат да ме контактираат мозе тоа да го сторат на мојот маил dimitrievska.aneta@yahoo.com или да ми пишат во inbox на самата страна  Anechi’s Atelier

BANER ANECHI on

10850279_578902248909269_409473316893438688_n
А во иднина, секако со надеж дека ќе бидат изложени во вистинско, а не виртуелно ателје.

10352269_578902272242600_1804451853558915469_n

Покрај сребрената жица уште кои материјали можат да се сретнат во накитот на Anechi’s Atelier ?

До сега во комбинација со среброто користам и разни камења, но тоа не ја исклучува можноста за комбинација со други метали, дрво…

10438302_583380495128111_2276806381626383669_n
Имам безброј креации и комбинации во главата за кои секако претпочитам да не зборувам, а да ги покажам во блиска иднина.

1467199_582345081898319_4506900472334128019_n

Во Вашите дизајни е проткаен модерниот дизајн и традиционалната филигранска приказна. Како успевате да ги споите тие две нешта?

Како што претходно кажав инспирирана сум од сенешто што ме опкружува и допира.

10420377_606522092813951_5623792693118659440_n
Така што наместо да се ограничувам само на традиционални филигрански облици и мотиви јас правам комбинација од нив со други разни облици. Така се чувствувам слободна во изразот за она што сакам да го доловам со производот.

vip baner

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...