Не сакам да го повторам лошото искуство од претходните години кога носев по два три куфера на одмор, ни рече убавицата Ангела Џоровска.
Годинава манекенката Ангела Џоровска на одмор ќе отпатува само со еден куфер. Во него, вели, најпрво ќе ги спакува костимите за капење и фустанчињата. Големите очила за сонце без кои не може веќе ќе и’ бидат на лицето.
Со оглед на тоа што подобар дел од денот го минува на плажа, сака да менува различни костими за капење, бикини и еднонеделни.
Пред илзожувањето на сонце не посетува солариум.
„Солариум не практикувам. Доволно ми е сонцето за да добијам боја каква што посакувам“.