Ангела Ѓоргиева: Меѓу нас манекенките нема место за ривалство и љубомора!

„Иако во послените години во Македонија се посветува доволно внимание на модата, сепак Македонија е мала земја и за сега сеуште не може да се каже дека има доволно ангажмани за еден модел да може нормално да заработува и живее од својата професија“, објаснува Ангела Ѓоргиева, манекенка која во оваа сезона на Модниот викенд имаше најмногу ангажмани.

angela 100 Со својот изглед беше забележана на модната сцена на Модната недела Скопје. Дали пред ревиите посветуваше повеќе внимание на исхраната и вежбањето?

Неколку недели пред почетокот на модната недела се посветив на себе, односно ја исфрлив брзата храна од менито и се хрнаев здраво, иако до сега не сум имала пролеми со тежината, но сепак сум приврзаник на здравата храна.

angela 78 Кои од моделите кои ги носеше најмногу ти одговараа на сопствениот стил?

Сите модели, сите креации се убави на свој и посебен начин. Најмногу би се пронашла во прекрасните тоалети кои би ги носела во некои посебни пригоди. Секоја чест за креаторите и нивните кеации кои од година во година се се’ подобри и подобри.

angela 19

angela 18 Има ли доволно ангажмани за еден модел во Македонија? Се живее ли од професијата модел кај нас?

Иако во послените години во Македонија се посветува доволно внимание на модата, сепак Македонија е мала земја и за сега сеуште не може да се каже дека има доволно ангажмани за еден модел да може нормално да заработува и да живее од својата професија. Но да се надеваме дека во иднина работите ќе тргнат на подобро и дека еден ден ќе може добро да се заработува и кај нас како модел.

Каде ја гледаш својата иднина, во оваа земја или би сакала да си ја пробаш среќата во странство?

Како и секоја млада личност од мојата професија предизвик ми претставуваат модните писти во Милано, Париз, Лондон, па секако размислувам и посакувам еден ден да бидам дел од модните случувања во некои од центрите на модата во светот.

angela 56Колку време посветуваш на нега и вежбање секојдневно?

Секогаш пред спиење ја вадам шминката со тоник за чистење, нанесувам хидратантна крема и се обидувам да имам доволно време да се одморам и наспијам. Што се однесува до вежбањето, не го применувам континуирано, го правам тоа зависно од расположението и слободното време.

Што треба да поседува еден модел според тебе за да биде забележан и успешен?

Секако дека на прв поглед личноста треба визуелно да изгледа добро во однос на висината и тежината, движењето на писта е исто така важен сегмент, а тука се и шармот и харизмата како и однесувањето и карактерот на самата личност.

angela 99

angela 15

angela 13

Постои ли ривалитет и љубомора меѓу моделите кај нас?

Па лично јас не сум љубоморна личност, ги почитувам моите колешки, се дружиме, понекогаш со некои од нив излегуваме, па така сметам дека не постои некоја љубомора меѓу нас, секоја од нас се труди професионално и одговорно да ја извршува својата работа и мислам дека сите се добри во тоа и дека нема место за ривалство и љубомора.

angela 89

Пет модни парчиња на кои секогаш си им верна.

Чанта, часовник, очила за сонце, добар маникир и парфем.

Ј.К

Фотографии: Ани Дими за FWSK

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...