Ангелите на Викторија сикрет во новата кампања за костими за капење

Лаис Рибеиро и Леоми Андерсон се ѕвезди на кампањата за летната колекција Victoria’s Secret Swim. 

Популарната марка за долна облека Викторија сикрет ја објави рекламната кампања за костими за капење за лето 2019. Ангелите Леоми Андерсон, Лаис Рибиеро и Барбара Палвин, придружени од убавицата Лорена Раи позираат во различни модели од новата колекција, пред објективот на Расел Џејмс.
Кампањата е снимена во Мајами, Флорида, а девојките ги претставуваат новите трендови. Акцентот е на нагласените металик нијанси и асиметричните дизајни кај едноделните костими за капење, додека кај бикините – доминира високиот струк. 

x

Check Also

Кајли Џенер во бикини од Шанел што се постари од неа

Супермоделот Кајли Џенер постираше фотографии на Инстаграм, како на краткиот одмор, носи ...