Ангелите на Виторија сикрет позираат за Денот на вљубените

Вообичаено, како и секоја година, и годинава модната марка за долна облека Викторија сикрет лансираше колекција дизајнирана за Денот на вљубените, а инспирирана од љубовта.

За кампањата позираат познатите ангели на Викторија сикрет, облечени во црвена, секси долна облека за романтичниот ден. Сара Сампајо, Елза Хоск, Тејлор Хил и Алексина Грем се главни лица на рекламната кампања. Колекцијата содржи од чипкасти градници и гаќички, до сатенски пижами и долна облека со принт на љубовна тематика.

-На Денот на вљубените ја славиме целата љубов во нашиот живот. Без разлика дали купувате нешто за себе или подарок за некој кој ви е посебен, нема да згрешите со Викторија сикрет. Годинава, јас за себе си купив неонски пуш-ап градник за да се забавувам вечерта за Денот на вљубените“, рече Роми Страјд.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...