„Анимал“ принт за софистициран изглед во колекцијата пролет/лето на LIU JO

Женственост и сензуалност се синонимите кои се провлекуваат низ целата Liu Jo пролетна кампања.

Дизајнерите од LIU JO за оваа сезона ни предлагаат сосема неочекувана, но многу ефектна комбинација на трендовскиот „анимал принт“. Имено, тие популарниот принт го комбинираат со светло сина нијанса, но и со тексас. За оние кои повеќе сакаат да се држат до класиката, вакви модни парчиња, на пример, кошула, можат да ја искомбинираат наместо со светло сини панталони, со класични црни или пак, со фармерки.

Вајлд Ројал линијата на LIU JO навистина е импресивна, а вие откријте ги вашите фаворити во продолжение.

x

Check Also

Листа на желби: Дуксер со точки од новата колекција на Super Dry

Новата колекција на Super Dry за есенската сезона е достапна во продажба (во ...