Анистон и Пит на таен меден месец во вилата на Џорџ Клуни во Италија?!

Некои од италијанските весници известуваат дека Џенифер Анистон и Бред Пит се забележани заедно на романтичен викенд на Езерото Комо. Австралискиот магазин New Idea ја потврдува оваа вест дека минатиот викенд поранешната славна двојка е видена заедно во Италија.

По лавината шпекулации кои доаѓаат од италијанските медиуми, напиша и американското списание “In Touch” со наслов на написот “Меден месец во Италија ”.

Прво што е потрвдено, преку весниците, е дека навистина Пит со својата ќерка овој викенд биле гости во вилата на Џорџ Клуни на Лаго ди Комо. А второ, дека и Анистон во исто време била на Лаго ди Комо, бидејќи токму таму се снима филмот во кој таа глуми, “Murder Mystery”. Според некои италијански весници, „Анистон и Пит ја обновиле врската на осумнаесеттата годишнина од нивниот брак“. „In Touch“ пак, објави дека двете ѕвезди се на двонеделен пат во Италија, кој започнал со престој во вилата на Џорџ Клуни. Всушност, се зборува за вистински меден месец направен во тајност.

“Уживаат во заедничкото време, како никогаш да не биле разделени“, додава еден сведок на нивното заедничко дружење во Комо.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...