Ариана Гранде е главно лице на колекцијата за есен/зима 2019 на H&M

26-годишната американска пејачка Ариана Гранде е главно лице на новата колекција на модната марка H&M за сезоната есен/зима 2019.

Пред неколку недели, луксузната модна марка Живанши најави дека Ариана Гранде ќе ја ангажира во рекламната кампања за која некогаш позираше Одри Хепберн, а сега пак, H&M ја најави соработката со пејачката за младешката линија во која доминираат слоганите како „7 things“ и „Thank u, Next“, отпечатени на маичките и дуксерите.

Новата колекција од H&M, која ја претставува Гранде, содржи интересни модни парчиња меѓу кои ѕвезди се хеланките и фармерки со ланчиња и дуксерите и бомбер-јакните кои на задниот дел имаат принт од лицето на пејачката.

И палетата на бои во колекцијата е соодветна на стилот на Ариана Гранде – сина, розова, жолта и принт во боја.

Меѓу додатоците, тука се чорапите, футролите за мобилни телефони и украсите за коса.

 

x

Check Also

Lisca со престижна меѓународна награда во Кан

Lisca повторно докажа дека со своите креации на долна облека и костими ...