Ариана Гранде е лице на есенската колекција на Живанши

Музичката суперѕвезда која на Инстаграм има над 159 милиони обожуватели, позираше во најважните модни парчиња за сезоната есен 2019 од новата колекција на луксузната модна марка Живанши.

За Ариана Гранде ова е дефинитивно модно лето од соништата. Славната пејачка неодамна се најде на насловната страница на американскиот Вог, а веднаш потоа, стигнува и фотосесијата за Живанши.

26-годишната поп ѕвезда од Флорида избрана е за заштитно лице на новата, есенска колекција на престижната модна куќа Живанши. Музичката суперѕвезда, која на Инстаграм има над 159 милиони обожуватели позира во клучните парчиња – од гламурни чанти до модерни женски костуми од колекцијата есен/зима 2019.

 

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...