Ариана Гранде ги изненади фановите,најави повлекување од сцената

Популарната пејачка ги разочара фановите најавувајќи дека на кратко ќе се повлече од сцената бидејќи се чувствува уморна.

Во последно време пејачката имаше бурен период, го објави албумот Sweetener и ја раскина веридбата. Потоа одлучи да издаде уште еден албум, под името Thank u, next кој многу бргу се распродаде. Покрај албумот објави уште неколку дополнителни песни.

Ариана изјави на Твитер дека е презаморна и дека и треба одмор од се. Исто така, објави дека чувствува дека приватноста и е загрозена и дека новинарите не и даваат мир. Затоа објави дека на кусо се ќе напушти и дека нема да биде присутна во јавноста и на сцената извесен период.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...