Ја паметите ли? Арлин Дал, најбрзо заборавената икона на женственоста која и остана верна на модата

Таа беше симбол на елеганцијата и женственоста, иако никогаш не доби посериозна или голема улога, секогаш кога ќе се појавеше на филмското платно мажите остануваа без здив, а жените го имитираа нејзиниот стил.

arlin 4

Арлин Дал, една од најубавите актерки на филмското платно за време на поствоениот период, е родена во Минесота (1925 година), во богато семејство. Татко ѝ Рудолф бил познат дилер на „Форд“, а од мајка си Идел ја наследува неверојатната убавина и талентот за глума. Минува убаво детство, од мала зема часови по танцување и глума, а по завршувањето на колеџот почнува да работи како актерка во локалниот театар каде што работела и мајка и. Заради убавината истовремено заработува и како модел.

Во Холивуд се преселува во 1946, по покана на Ворнер Брос, компанија со која потпишува договор, а првиот филм „Невестата збесна“ излегува две години подоцна. Од прва ја освојува публиката, особено машката. И во наредните десет години останува да работи за оваа компанија, која и покрај нејзиниот стекнат имиџ на икона на стилот, редовно и доделува ситни улоги.

arlin 6Занесната Арлин, како што нема многу среќа во добивањето улоги, нема среќа ни во браковите, во кои влетува „смртно вљубена“ и набргу излетува крајно разочарана од љубовта. Докторот Лекс Баркер, по кој жените лудувале, го запознава по првите филмски холивудски успеси, на крајот на 1950 година, толку се вљубува во него што се земаат веднаш веќе во април 1951 година. Бракот трае нешто помалку од една година, разочарана од гаснењето на неговата љубов која таа ја замислувала за вечна, Дал се разведува од него и веднаш влетува во нов брак. И овојпат изборот паѓа на друг идол на жените, Фернандо Ламас. Баркер, пак, се преженува со Лана Тарнер.

arlin 5Во 1958 година Арлин го раѓа синот Лоренцо Ламас. Веднаш по породувањето одлучува да се повлече од филмското платно, увидувајќи дека улогите што ги добива и понатаму се безначајни. Понудите за филм продолжуваат, публиката ја бара, но таа ретко кога прифаќа да се појави дури и на телевизија.

 

arlin 2Страста кон модата ја смирува на друг начин, пишувајќи колумни за стил и убавина во списанијата и објавувајќи книги на таа тема. Нејзините колумни читателите едвај ги чекаат, во нив таа дели модни совети, критикува и диктира стилови кои се широко прифатени. Но како што брзо се заситувала од сè, така и од пишувањето: одеднаш ќе се повлече, но и понатаму останува доследна на модата.

arlin 3Всушност, на стилот и модата останува единствено верна и посветена целиот свој живот. Набрзо ја основа својата фирма „Arlene Dahl Enterprises“, која се занимава со долна облека и козметика. Објавува текстови многу ретко, но се појавува дури и во улога на астролог.

arlin 1По разводот од Лимас, во 1960 година, љубовта ќе ја бара и наоѓа уште четири пати, крунисувајќи ја со бракови, но и разводи. Веднаш по вториот развод следува третиот брак со Кристијан Холмс, во кој добива уште едно дете, ќерката Кристина, именувана според сопругот. И овој брак трае само пар години. Колку многу верувала во љубовта покажува и името на третион син, Рузвел, кој го добива од петтиот брак со Рузвел Шаум. Но ниту во овој брак не си ја наоѓа вечната љубов, па следува и шестата венчавка.

arlin 7

Одлично финансиски ситуирана зрелите години и староста ја минува мирно на Флорида, никогаш сама. Денес е баба на шест внуци, сосема повлечена од јавноста но не и заборавена. Веројатно и помирена со идејата за брак кој вечно ќе трае. Во 1991 година по долгите убедувања на филмското студио, сепак прифаќа да се појави уште еднаш, за последен пат на филмското платно, и тоа заедно со својот славен син, актерот Лоренцо Лимас.

J.K.

 

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...