Armani Code Absolu – Нов машки парфем од Армани совршен за пролет/лето

Од Армани, на наше задоволство, ни пристигнува нов машки парфем за сезоната на потопли денови.

Ако се сеќавате ( а кој не се сеќава?!) на легендарниот парфем од 2004 година, Armani Code, и ако сеуште не можете да одолеете на таа миризба која стана синоним за машка привлечност, еве една убава вест. Од работилницата на Армани ни пристигнува редизајниран парфем кој потсетува на легендарниот, но уште помоќен, под името Armani Code Absolu.

Мирисот се отвора со ноти на зелена мандарина и јаболка. Срцето ја крие сензуалноста на цветот од портокал, мускатно оревче и морков, кои се надополнети со рум и ванила.

 

x

Check Also

Како најбргу да добиете бронзен тен на плажа

Повеќето од нас сакаат што побрзо да фатат боја сончајќи се под ...