As I Am: Нова лежерна летна колекција од H&M

H&M продолжува да ги полни своите продавници со нови, летни модни парчиња.

Новиот моден водич е насловен ‘As I Am’, и во него се претставени летни комбинации за лежерен стил. Маичките се во силни бои, како црвена и жолта, а фармерките се со женствен крој и висок струк. Неизбежни се и фраерските кратки тексас панталончиња.

Впечатлив е цветниот комбинезон со мини должина.

 

Комбинирајте ги новите парчиња од H&M со предимензионирани обетки, малку накит и модерни очила за сонце.

x

Check Also

Чевлите со квадратна форма се хит за есен/зима 2019

Италијанската луксузна модна марка Bottega Veneta прва го започна трендот на чевли ...