Астро-поглед: Ова е период со дури шест ретроградни планети, еве што може да предизвикаат

Оние кои барем малку се интересираат за астрологија, веќе знаат дека летово е ретроградна планетата Меркур, што за многумина ќе донесе застој во комуникациите, недоразбирања, одложување на проектите, но и бројни разочарувања при  патувањата. Но, доколку почувствувате нервоза, и ред други проблеми и кочници, не го обвинувајте само Меркур. За жал, овој период дури шест планети ќе бидат ретроградни. Еве кои.

Ретрограден Меркур – од 26-ти јули до август 19-ти, 2018

Како што е познато, Меркур е планета која „владее“ со сите форми на комуникација. Но, освен застој во комуникациите ретроградниот Меркур ќе ни донесе и други непријатни ситуации. За време на ретроградниот Меркур, многумина ќе почувствуваат дека размислувањата им се погрешни зашто со ретрогаден Меркур, често е тешко чисто и јасно да размислуваме за она што сакаме да го направиме. Можно е да го промените мислењето или плановите во една секунда. Астролозите исто така предупредуваат дека тешко ќе ни биде да се фокусираме на една задача, поради немирниот ум и брзите промени на мислења. Со ретрограден Меркур, накусо, невозможно е да знаете што точно сакате, па затоа во овој период не треба да се избрзува со одлуките ниту пак да се донесуваат големи планови за иднината. Планетата Меркур владее и со патувањата. Затоа многумина ќе почувствуваат непријатности на патувањата од типот на летови што доцнат, губење на куферите, разочарувања од сместувањето и тн.

Ретрограден Марс, од 26-ти јуни до 27-ми август

Марс е планета која управува со нашата енергија. Тоа е планета која не мотивира да скокнеме од креветот наутро и да го почнеме енергично денот, и прави работите да продолжиме да ги туркаме иако некогаш чувствуваме замор. Кога Марс е ретрограден, може да почувствувате недостаток од желба и ентузијазам да ја довршите работата. Често со ретрограден Марс се чувствуваме летаргични и исцпрени. Советот од астролозите е во овој период да го задржите стабилното темпо, без многу напрегнувања. Ако чувствувате замор, дајте си пауза. А најдобро е да останете на некое мирно место и да се одмарате. Бидејќи, ако премногу се напрегате, може енергијата да се „испразни“  преку повреда, но подеднакво може да се чувствувате и емоционално „изгорени“. Затоа не правете ништо со притисок.

Ретрограден Сатурн, од 17-ти април до 6-ти септември, 2018

Сатурн е планета која е поврзана со напорната работа и дисциплината. Кога Сатурн е ретрограден, можеме да добиеме чувство на незадоволство поради вложениот напор за да ги постигнеме нашите цели. Но исто така, може да имаме недоразбирања и проблеми со авторитетите, како што се претпоставените, шефовите или родителите. Па, затоа, не заборавајте да бидете многу внимателни со вашите зборови и запомнете дека важно е да се почитува секој на работното место.

Ретрограден Уран, од 7-ми август до 6-ти јануари, 2018

Уран се нарекува генерациска планета – тоа е поради бавноста со која се движи и влијае на голем број луѓе кои се родени во период со опсег од седум години. Уран е поврзан со нашата желба за ослободување и слобода. Планетата ни овозможува да  бидеме тоа што сме. Со ретрограден Уран пак, може да се чувствуваме претесно во сопствената кожа и да не можеме да ги реализираме посакуваните промени. Најдобро е, советуваат астролозите, да не преземате крупни промени во овој период и да се фокусирате на контрола на внатрешните енергии во вас.

Ретрограден Нептун, од 18-јуни до 24-ноември, 2018

Нептун е поврзан со нашата интуитивна и духовна природа. Нептун е поврзан со нашите соништа, фантазијата и илузијата, но и со склоноста кон стимуланси. Внимавајте во овој период да останете настрана од алкохолот, различни медикаменти или други зависности, зашто ќе бидете повеќе подложни на претерување.

Ретрограден Плутон, од 22-април до 30-ти септември, 2018  

Кога планетата Плутон е ретроградна, овозможува подлабоко чувство за самоанализа. Тоа е време да се проникне во умот и да се копа подлабоко во нашата душа. Затоа, подгответе се да потрошите многу време размислувајќи за своите цели и какви се вашите намери за иднината. Всушност, ретроградниот Плутон е одличен период за да поченете со медитација.

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...