Овојпат следете ги модните правила на ѕвездите.
ОВЕН – ИСТАКНЕТЕ ГИ ОЧИТЕ И УСНИТЕ
Под влијание сте на огнениот Марс, планетата на страст и еротика, така што зрачите со сексапил. Изберете јака шминка, нагласете ги вашите очи или усни со црвен кармин. Косата е во втор план, долга или кратка, убаво ви стојат руси и црвени нијанси.
БИК – АКЦЕНТ НА КОСАТА
Вашиот владетел Венера, симбол на убавината, ви има подарено убава коса и експресивни очи. Ви прилега кармин во боја на кожата и бледо розови и кафени нијанси на косата со црвенкасти тонови. Деколтето е една од вашите главни предности, па затоа нагласете го .
БЛИЗНАЦИ – УБАВИ НОКТИ
Изгледате младешки и свежо, за тоа е одговорен вашиот владетел Меркур. Често експериментирате со косата, шминката и облеката, а секогаш посебна грижа им посветувате на вашите нокти. Оваа сезона намачкајте ги со сребрен лак.
РАК – ЖЕНСТВЕНИ ДЕТАЛИ
Зрачите со женственост, привлекувате внимание со убавата коса и гради. Како дете на Месечината, секогаш ја слушате вашата интуиција и секогаш го избирате тоа што најдобро ви прилега, од шминка до облека. Особено ви се важни деталите, чевлите, чантата, ременот, накитот, а и фризурата која секогаш е совршена.
ЛАВ – РАСКОШЕН СЈАЈ
Жената Лавица е секогаш во центарот на вниманието, сјае се на неа , а особено за свечени прилики. Никој не знае толку убаво да ја носи облеката со светки, многу сјајниот накит (особено златото) и јаката шминка, а бујната и вообичаено брановидна коса се вашиот заштитен знак. Со шминка нагласете ги усните и очите, а со надградба на трепките ќе ја дополните својата драматична убавина.
ДЕВИЦА – ПРИРОДНА УБАВИНА
Вие изгледате софистицирано и елегантно, било што да облечете. Здравата, негувана коса и дискретна шминка совршено ви прилегаат, изгледате младешки бидејќи вашиот владетел е Меркур. Најубаво ви стојат боите на земјата и праската, кои го потенцираат вродениот шарм. Украсете ги вашите нокти, направете „француски маникир” или намачкајте ги ноктите со јаки бои.
ТЕРЕЗИЈА – ИКОНА НА СТИЛОТ
Венера- планетата на убавината им има подарено на жените родени во овој знак необична убавина и стил. Сојузници ви се високите потпетици, женствената облека која ги нагласува вашите облини, убава и вообичаено долга коса. Одлично ви прилега чоколадната боја и посветлите прамени. Шминката е дискретна, но многу ефективна, а сјајниот сјај на усните ќе ја нагласи вашата разоружувачка насмевка.
СКОРПИЈА – ФАТАЛЕН ПОГЛЕД
Вие сте родена заводничка управувана со планетата на еротиката и моќта. Сексапилот го истакнувате со високи потпетици и облека во темни нијанси. Вашиот поглед под долгите, густи трепки нагласете го со моливче за очи, изгледате заводливо и „диво” и кога косата ви е собрана во пунџа.
СТРЕЛЕЦ – ИСТАКНЕТЕ ГИ НОЗЕТЕ
Вие сте спортски тип и телото, особено нозете, треба секогаш да ви бидат во прв план. Знаете како да се средите за пет минути, а под влијание на владетелот Јупитер, изгледате како да сте поминале неколку часа пред огледало. Ја сакате спортската елеганција, а очите ги нагласувате со посилна шминка, тоа прекрасно ви стои.
ЈАРЕЦ – КЛАСИЧНА ЕЛЕГАНЦИЈА
Под влијание на владетелот Сатурн, сакате класична облека и женствени фризури. Секогаш избирате проверени модели кои совршено ви одговараат, но за посебни прилики знаете како да ги засените сите околу себе, со сексапилен фустан во сина, црвена и виолетова боја.
ВОДОЛИЈА -ЛЕЛЕАВО И ОРИГИНАЛНО
Уран е планета на трендови, бунт и оригиналност. Со изборот на облека нагласете ги сите ваши најсилни страни. Ги сакате необичните модели на чевли, особено чизми, а косата секогаш ви е уредна, свежо фенирана и стилски средена само на ваш оригинален начин.
РИБА – ЗАВОДЛИВИ ОД ГЛАВА ДО СТАПАЛА
Обвиткани во велот на заводливиот Нептун имате младешка убавина до подоцните години. Вешто ги нагласувате вашите адути, очите, косата, нозете и градите. Секоја комбинација ја надополнувате со добро и ефективно парче накит, вашите раце секогаш се украсени со прстени и атрактивен лак. А од модните додатоци сепак најдобро ви прилега долгата, романтична марама.