Астролошки совет: Меркур го менува движењето, не правете промени и инвестиции од 28ми март до 17ти април

Почнувајќи од 5ти март, планетата Меркур почна да се движи ретроградно во знакот на Риби и со таквото движење на сите астролошки знаци им донесе бурни случки и промени. Поточно, сите прилики кои беа пред вас, ретроградниот Меркур ги искомплицира, а најголемо влијание имаше во комуникациите, патувањата, но и падот на концетрација. За среќа, од денес, 28ми март, Меркур конечно престанува да биде ретрограден и продолжува нормално да се движи.

Имено, од 28ми март Меркур ќе се заврти во директна насока, по повеќе од три недели ретроградно движење. А кога планетата го менува своето движење, од астролошка гледна точка, тоа повторно го чувствуваат сите астролошки знаци. Сепак, овие промени се случуваат постепено, затоа може да очекуваме дека ретроградното движење на Меркур ќе го чувствуваме, но многу послабо, до 17 април, се додека планетата не добие потполна сила за директно движење.

Што треба да земеме предвид? Астролозите советуваат, додека планетата Меркур го менува своето движење, односно во периодот од 28ми март до 17ти април, да не се потпишуваат поголеми деловни договори, да не се прави промена на работното место, да не се прават финансиски инвестирања како и да не се носат значајни одлуки. Поточно, сите покрупни одлуки, инвестиции и промени оставете ги за втората половина на април.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...