Атракција на Базелворлд 2013: брош вреден 100 милиони долари

И годинава на престижниот саем за накит и часовници Базелворлд светските брендови ги презентираа своите новости, но малкумина можеа да му конкурираат на скапоцениот брош произведен од британската модна куќа Граф Дaјмантс. 
bros 01
Фасцинантниот брош има форма на паун, а направен е само во еден примерок.
Неколку вешти мајстори од Граф Дaјмантс биле вклучени во изработката на брошот со големина од 10 сантиметри, кој е специфичен по боите. Имено, на него има дури 1.305 обоени дијаманти со различни големини и вкупно 120,81 карати.
Срцето на паунот е претставено со скапоцениот камен познат по името „Дип блу“, кој е еден од најретките и најубави дијаманти во светот.
Комерцијалната вредност на ова уметничко дело изнесува 100 милиони долари!

bros 3

Традиционално, саемот Базелворлд е посетен од околу 100 илјади дистрибутери и продавачи на накит, а своите нови дела ги изложуваат околу 1.800 компании за производство на часовници и накит.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...