Атрактивна фото-сесија на долна облека: винтиџ приказна за колекцијата есен/зима на Голден поинт

Сензуалноста никогаш не излегува од мода, а оваа есен брендовите за долна облека посветуваат особено внимание на креирање парчиња кои се во исто време секси, елегантни и модерни.  Претставувањето на колекцијата за есен/зима 2014 на италијанскиот бренд Голден поинт (Golden point), „Фешн Груп“ сезонава реши да го направи преку винтиџ приказна која зрачи со женственост и привлечност.

 gdoldenpoint006

Така, имаме можност да видиме жена која открива свет на нежност и невиност, за потоа да се открие нејзината заводлива нишка, која нè води во една сосема поинаква мрачна и мистична димензија со примеси на бунтовност. На овој начин јасно се прикажани носечките трендови во колекцијата есен/зима 2014 на Голден поинт (Goldenpoint) – во однос на боите присутни се нежните и неутрални нијанси, но исто така и есенските тонови како бордо и темно зелено.

goldenpoint010

Секогаш актуелната црна боја е речиси незаменлива кога станува збор за долна облека, без разлика дали се работи за едноставен или дизајн декориран со многу тантела. Еден од сезонските трендови кој се пренесува  и кај долната облека е пепито дезенот и неговите варијации – сетовите долна облека со ваквото дезенирање имаат дополнителен ефект, кој ги прави задолжителни парчиња за оваа сезона.

 goldenpoint008

Материјалите кои доминираат во колекцијата се природни и удобни, а проѕирното и тантелата долеваат неизбежна доза на раскош и елеганција.

 goldenpoint016

Фотосесијата е дело на тандемот Ани и Дими, додека пак во центарот на вниманието е прекрасната Вера Хаган.

За шминка и фризура беа задолжени Маја Саздановска и Бојан Сејменовски.

x

Check Also

Им даваме предност на белите модни парчиња од & OTHER STORIES

Белите модни парчиња се одлични за деновите поминати под сонцето, а модната ...