Атрактивна летна колекција на обувки од REPLAY

REPLAY никогаш не ги изневерува вкусовите на своите фанови. И овојпат, за сезоната лето 2018, ни понуди колекција пред која никој не може да остане рамнодушен.

REPLAY лето 2018

Во колекцијата на обувки доминираат еспадрилите, сега дизајнирани во трендовски стил – со нагласена, висока плетена платформа. Нијансите се популарни и препознатливи, ја следат модата за пролет/лето 2018, па така доминираат маслинесто-зелените модели, црвените и глитер решенијата.

Многу впечатливи се кломпите, особено оние украсени со метални нитни, кои повторно се вратија на модната сцена. Папучките пак, овојпат се шик и одлични за секоја лежерна прилика, вклучувајќи ја и плажата.

REPLAY лето 2018

Некои од моделите се дополнително украсени со панделки, светки и други детаљи.

Погледнете ги нашите фаворити во фотогалеријата.

x

Check Also

Есен со BERSHKA: Лакираните чизмички се во фокусот

За сезоната на постудени денови BERSHKA ни нуди лакирани чизмички. За секој вкус ...