Атрактивната Хејли Болдвин ја претставува новата колекција на Guess

Неколку месеци по учеството во рекламната кампања за 35-годишнината на Guess, најатрактивната млада ѕвезда на Холивуд, Хејли Болдвин ( ќерката од Стивен Болдвин и внука на Алек Болдвин), ја претставува колекцијата за пролет/лето 2017 на популарната модна марка.

Американската убавица позира на плажите во Калифорнија, фотографирана од Рајан Ајаш. Моделите Ема Стерн Нилсен и Стефано Сала и прават друштво во фотосесијата.

Од бомбер јакни до привлечни фустанчиња и „жежок“ џинс во кежуал стил, подгответе се за топлото време со новите модни парчиња од Guess.

x

Check Also

Victoria’s Secret со колоритни костими за капење за лето 2020

Супермоделот Тејлор Хил е ѕвезда на новата рекламна кампања за костими за ...