Атрактивни модели од новата колекција на H&M до 1.800 денари

Новата Concious колекција на H&M е во продажба, а покрај бројните модни парчиња одбираме модели кои не се поскапи од 1.800 денари, а кои со задоволство би ги носеле оваа пролет/лето 2019.

Веќе е познато – и оваа колекција на  H&M е дизајнирана од одржливи материјали со што популарната модна марка ја продолжува својата еко-грижа за природата и околината. Во колекцијата преовладуваат неутралните тонови и женствени детали како цветови и чипка.

Овојпат предност им даваме на комбинезонките, на лежерните фустанчиња, широките панталони со впечатлив принт и маичките со „спуштени“ раменици кои се комбинираат со панталоничиња или здолниште со истиот дезен.

Погледнете го нашиот избор во продолжение.

x

Check Also

Новиот Huawei P30 lite е врвен спој на нови трендови и убава естетика

Мода е збор кој најчесто е изговорен од страна на млади луѓе. ...