Avalon со Ohrid Calling обезбеди нова доза адренлин за вљубениците во добрата музика

 

Дефинитивно, Македонија оваа лето е епицентар на најдобрата забава и музика во регионот.По еден месец чекање, љубителите на добрата музика и забава пред нов повик и предизвик. Повик за забава, за авантура, за непознато, за дополнителна доза адреналин. И оваа година дводневен спектакл во режија на Avalon Production под името Ohrid Calling, привлече и обедини илјадници вљубеници во добрата музика и забава која долго ќе се памети. И оваа лето подиумот во Охрид се тресеше во ритамот на најдобрата музика. Дводневниот спектакуларен фестивал полека но сигурно станува еден од најдобрите фестивали во регионот. По Скопје, Avalon Production одличи да ја продолжи својата мисија и да создаде уште летни спомени, но сега во Охрид. Тие дефинитивно знаат како да го привлечат вниманието на Македонците, но и на голем број туристи кои допатуваа само за да бидат дел од најдобрата дводневна забава и да го претворат Охрид во фестивалски град кој мора да се посети.

Секако за да биде фестивалот спектакуларен, потребни се мегазвезди, искусни водичи, кој ќе знаат да ви го покажат патот, но и да го претворат вашиот пулс во ритамот на нивната музика. Долгоочекуваниот летен фестивал, кој ги освојува срцата низ регионот, ги отвори своите врати на 1ви авугуст, кога Охрид светеше во најсилни бои. Дефинитивно, најсветло и најшарено доживување беше Neuland зоната, во која лудата забава, коктели, најсветли ласерски звуци и храбри луѓе кои не се плашеа да им пркосат на бариерите беа само дел од сликата која е токлу карактеристична за Neuland. Nick van de Wall или во јавноста познат како Аfrojack беше првата мегазвезда која го означи почетокот на Ohrid Calling. Со подршка на Ravitez, Аfrojack успеа да разбранува илјадници луѓе кои се движеа во ист ритам, илјадници луѓе се собраа на еден подиум за да уживаат во добрата музика, да се движат во добар ритам и да влезат во непознатото. Afrojack својата кариера ја започнал на 14 години по локални пабови и кафулиња, а денес се издвојува како еден од највлијателните диџеи и продуценти кој котира меѓу најдобрите 10 диџеи во светот. Аfrojack зад себе има Греми награда, а се издвојува по соработките со David Guetta, Beyonce, Pitbull, Ne-Yo, Nicki Minaj и Skrillex. Својата популарност, но и скромност во исто време, ја докажа на најжешкиот подиум во Охрид, кога го отвори своето срце кон публиката и ја почести со своите најдобри хитови, комбинација од прогресивен хаус, денс и електро музика.

За да биде поголема возбудата, уште пред да ги собереме впечатоците, Avalon не пушти низ нова авантура. Повторно исто чувство, исто нетрпение, ист адреналин, ист повик, но друг водич. Сцената ја зазеде Hardwell, еден од листата топ 3 диџеи кои ги освојуваат сцените ширум светот, човекот кој собира милијарда прегледи од своите настани. Своето вистинско име Robbert van de Corput го заменил со уметничкото Hardwell, кој го добил откако своето презиме Corput го превел на латински, па потоа на англиски јазик. Неговата музика е карактеристичен спој на електро-поп и хаус, кој дава звук кој најмногу се доближува на класичната форма на поп песната, течен сет на музика која храбро ја води публикаа низ непознатото, на настан кој долго ќе се памети. Завабата немаше да биде целосна доколку Hardwell немаше подршка од Dante Klein и Kill the Buzz.

Емоциите се исти, измешани сетила, многу поминати бариери и граници, спомени и впечатоци кои долго ќе останат под името Ohrid Calling. Македонија повторно покажа дека го има вистинскиот подиум за љубители на музиката и добра забава, за луѓе кои се подготвени да одат чекор напреде, да го запознаат непознатото, да го видат звукот, да ја вкусат бојата и да го слушнат вкусот.

 

x

Check Also

МУЗИЧКИ БЛОК [НОЕМВРИ] ВО МКЦ

Од кога се немаме видено во сала 25 мај! Ви најавуваме 2 ...