AVON ги лансира новите колекции за нега на кожа и тело Mission, K-Beauty и Encanto

Од јапонски ритуали, корејски тајни за блескава кожа, до будење на сите сетила со помош на ароматерапијата:

AVON ги лансира новите колекции за нега на кожа и тело Mission, K-Beauty и Encanto: спој на најдоброто од далечните краеви на планетата за вистинско уживање на душата и телото!

За AVON, март претставува исклучително богат месец кога станува збор за новитети од светот на убавината.

Новата јапонска колекција Mission за нега на кожа од Avon, пристигна во Централна ЕвропаИако пилот лансирањето на оваа премиум колекција се случи во ноември 2018-та година, вистинскиот бум оваа колекција го доживува токму сега и претставува уште еден пример за одлучноста наAVON да ги донесе последните трендови до секој корисник преку своите Претставници ширум светотОваа премиум колекција за нега на кожа претставува одговор на растечкиот интерес и барања на корисниците за режими на нега на кожа инспирирани од јапонските ритуали и анти-ејџ решенијата”, изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба за Македонија.

Азиската убавина e голем предизвик за Европа така што новата колекцијаMission взаемно ќе се надополнува со новата корејска K-Beauty колекција ексклузивно достапна во AVON.

Mission е инспирирана од трендот на јапонска убавинаили скратено J-Beauty. J-Beauty се базира на едноставноста на традиционалните,висококвалитетни состојки, комбинирани со иновативни и докажани технологии кои вршат блокада на негативните надворешни фактори врз геномот на човекот и предизвикуваат промени во човековото тело, вклучувајќи и интензивно стареење на кожата.

Поради огромниот интерес за беспрекорен јапонски тен, Mission ги комбинира напредните научни технологии со моќта на природните состојкиПроизведена во Јапонија со употреба на врвни квалитетни формули богати со активни состојки, Mission им нуди на корисниците шанса да ги откријат древните јапонски ритуали за да обезбедат ефективнаподмладувачка нега. Mission е составена од 2 линии, согласно возраста на корисникот.

Mission Y, е совршена линија за жени или мажи во нивните 30-ти години кои се соочуваат со првите знаци на стареење, како на пример фини, тенки линиидехидрирана, уморна и испиена кожа.

Mission Eclat пакпретставува напредно решение за нега на кожа, за луѓе во нивните 40-ти години чии видливи знаци на стареење вклучуваат подлабоки експресивни линии на лицето, брчкии губиток на младешкиот сјај, еластичност и густина на кожата.

Ритуалот од 4 чекори на Mission Y за возраст 35+ вклучува луксузна пена за чистењехидрирачки лосионконцентрирано потхранувачки млеко и заштитен крем за лице, додека ритуалот Mission Eclat за зрела кожа 45+ е составен од 5 чекори, каде се се вклучени луксузна пена за чистење, хидрирачки лосион, богат серум, крем за околу очи и крем за лице. Ексклузивната маска на база на јаглеродна терапија е достапна за да ја подобри апсорпцијата на состојките кои се дел од останатите производи од колекцијата.

Повеќе информации за оваа луксузна јапонска колекција се достапни овде.

Во меѓувреме, AVON отиде и до Јужна Корејадомот на светски најбараната линија за нега на кожаза да ги открие тајните на корејската “Chok Chok” блескавасјајна кожа подготвена за на Инстаграм!Резултатот од оваа мисија е уникатно креирана колекција, составена од најжешките корејски топ препорачани производи, наречена K-Beauty:создадена да го поедностави режимот за нега за полесно да се вклопи во нашите секојдневно набиени бизнис рутини – вели Стојкова.

Сите K-Beauty маски за лице, усни и очи се збогатени со автентични природни корејски екстракти како што е легендарната азиска центела (тигрова трева)Со векови употребувана во традиционална Кина и откриена кога повредените тигри биле видени како се прпелаат во неа за да ја излекуваат кожататигровата трева е неизбежна состојка на K-Beauty производите, идеална за смирување на кожата и ублажување на иритациите.

Останати жешки состојки на колекцијата го вклучуваат јаворовиот шеќеркој е природен извод на алфа-хидрокси киселина (AHA), која помага во отстранувањето на мртвите епителни клетки и ја прави кожата мазна и сјајна како стакло glass; триото на “супер-храната на кожата се печурките чага (златна)шитаке и мацутаке, кои обезбедуваат блескавахидрирана кожа.Мимозакорејско млекокорејски лотуспрасков сок, манука мед и многу други корејски супер состојки ја комплетираат оваа иновативна колекција достапна ексклузивно во AVON.

По Далечниот Исток, AVON се упати во егзотичниот Бразил, од каде ни доаѓа премиум колекцијата за нега на тело која ги буди сите сетила – шармантната парфимирана колекцијаEncanto. Со рафинирани мириси, богата формула и состојки, Encanto ги засилува убавите чувства и ја буди самодовербата кај секоја женаEncanto доаѓа во форма на две впечатливи колекции со свиленикава, луксузна и брзо впивлива формула која хидрира со негувачки масла до 48 часа. 

Целта на брендот е да ѝ понуди на жената можност да биде забележана и да се чувствува удобно во нејзината блескаво сјајна и парфимирана кожакоја ја нагласува нејзината посебен магнетска привлечностзавршува Стојкова.

Мирисот на колекцијата Encanto Fascinating е креиран од страна на парфимеристката Онорин Бланк, од престижната парфимериска куќа Фирмених, која е позната како креатор на многу светски познати парфемидодека линијата Irrisistible е дело на Марион Костеро. Секоја линија е составена од 5 производисвиленкаст крем за раце, навлажнувачки лосион за тело, измазнувачко масло за бањање и тело, тоалетна вода и мирислив спреј за телокои се препорачува да се користат во комплет, за целосен ефект врз кожата и сетилата.

ENCANTO IRRESISTIBLE

Линијата Irresistible е базирана на топли овошни ноти инспирирани од неодоливата радост на женственоста: малина, свежа фрезија и сладок хелиотроп.

ENCANTO FASCINATING

Линијата Fascinating пак, носи во себе топли цветни ноти инспирирани од егзотичната и воодушевувачка убавина на реткиот цвет од красула, розов бибер и затоплувачки мошус.

Повеќе информации за Encanto се достапни овде.

 

x

Check Also

Light Blue Sun – Нов парфем од Dolce & Gabbana за жени и мажи

Џенаро Лилио и прекрасната Џулија Маенца се лица на рекламната кампања за ...