Авон ја претставува новата маскара Big&Daring за 6 пати погусти трепки

Kозметичката компанија Авон (AVON) ја најавува новата маскара Big&Daring со нова, иновативна формула за 6 пати погусти трепки.

avon 33
Револуционерната гел-крем формула употребена во маскарата Big&Daring е помазна и побогата и содржи колаген, кератин, аминокиселини  и протеини. Овие состојки им даваат екстра волумен на трепките и истовремено ги одржуваат меки и еластични. Новата формула делува на тој начин што беспрекорно ги обликува трепките, без притоа да настане згрутчување или размачкување. Нејзината гел структура формулирана во луксузна микро-емулсија со комплекс од колаген обезбедува  неверојатно еластично и лесно чувство на трепките и ги прави свиленкаво мазни и меки. 

Покрај иновативната формула, за маскарата Big&Daring е создадена и т.н. Volume Building четкичка која е закривена и одговара на природниот облик на очниот капак. Четкичката содржи специјални патентирани влакна кои стигнуваат до секоја трепка и совршено ги раздвојуваат од коренот до врвовите, додека пак закривениот облик на четкичката ги дефинира трепките со само две нанесувања. 

avon22

Инспирирана токму од иновативниот дизајн на четкичката, професионалниот стилист на Авон, Васка Леонтиќ, вели дека при изборот на маскара, особено треба да се внимава на обликот на нејзината четка.

„Четкичката на маскарата Big&Daring има облик кој одговара на природната линија на очниот капак, со што мазно и рамномерно ја нанесува маскарата без да создава грутчиња, а нејзината формула со течен состав ги прави трепките меки и лесни“, вели Леонтиќ.

Маскарата Big&Daring ја има во црна и кафено-црна нијанса, а ќе биде достапна за порачување од брошурите на Авон од септември.

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...