Бади и Бу позираат со накит за Харперс Базар (ФОТО)

Кучињата Бади и Бу за августовското издание на Харперс Базар го рекламираат накитот на Диор и Шанел.

buddy-and-boo

Со над 50.000 следбеници на Инстаграм и 7 милиони Фејсбук „лајкови“ кучињата Бади и Бу се суперѕвезди на социјалните мрежи.

Харперс Базар се досети да ја искористи нивната популарност и да ги стави во модна мисија. Така, пред објективот на Тим Флеч, овие преслатки ѕвезди го рекламираат накитот на Диор, Блгари и Шанел.

boo 2

„Обожаваме да бидеме фотографирани од неверојатниот талент Тим Флеч и да соработуваме со уредничката Џоана Хилмен и тимот на Харперс. Ви благодариме што ни го направивте денот забавен…“, „напиша“ на својата ФБ страница Бу.

Фотогалеријата можете да ја погледнете тука.

 

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...