Бадникова посна трпеза: Три рецепти со риба

Рибата симболично треба да се најде на трпезата на бадниковата вечер. А доколку сакате да дегустирате нешто повеќе од пржена или печена риба на класичен начин, пробајте ги овие рецепти.

Ослич во зеленчук

Намирници – 1 кг поситен компир, сол, 1 кромид, 3 моркови, 250 грама домати, 2 помали тиквици (или 300 грама брокула и карфиол), 3 лажици маслиново масло, 500 грама ослиќ, мелен црн пипер, малку босилек.

Подготовка – Измијте го комирот и варете го во солена вода околу 20 минути. Исцедете ја водата и поклопен оставете го да се излади. Потоа излупете го. Кромидот исчистете го и исечкајте го на кругови. Излупете ги морковите па исечкајте ги на четвртинки. Доматите измијте ги и исечкајте ги на коцки. Тиквичките исто така, или пак брокулата и карфиолот. Во зовриена вода со неколку капки маслиново масло бланширајте ги морковот и тиквичките (односно брокулата и карфиолот), потоа ставете ги под млад ладна вода и исцедете ги. Рибата измијте ја и исечете ја на коцки. Посолете ја и наросете црн пипер. Во тава загрејте две-три лажици масло и испржете ја рибата. Кога ќе биде готова, извадете ја од тавата и ставете ја на страна. Додадете уште малку маслиново масло во тавата и пржете го компирот околу 8 минути. Додадете ги кромидот, морковот, тиквиците и пржете уште 3 минути. На крајот додадете ја рибата, доматите и босилекот. Зачинете по вкус.

Лосос со печурки

Намирници- 400 грама филети лосос, малку маслиново масло, сол, црн пипер, 400 грама шампињони, масло за готвење, сок од лимон, лук, свеж босилек, доматен сос.

Подготовка – Исчистете ги шампињоните и исечете ги на дебели парчиња, па пржете ги пет минути на маслиново масло. Потоа додадете малку вода и динстајте на ниска температура додека да омекнат. Пред крајот вмешајте и малку доматен сос (околу 50 грама). Ако користите заврзнати филети лосос, претходно одмрзнете ги. Во загреана тава на малку масло пржете ги посолените филети од секоја страна по 5 минути. Во чинија извадете го лососот и наросете му црн пипер, а декорирајте го со исечкан босилек. Додадете ги шампињоните во сосот од домати и послужете со сос од маслиново масло, лимон и лук.

Полнет шаран со ореви

Намирници – шаран од околу 1,5 до 2 кг, филџан исечкани ореви, 2 главици кромид, масло, мелена пиперка, сол, црн пипер.

Подготовка – шаранот посолете го, намачкајте го малку со црн пипер, одвнатре и однадвор, засечете го малку од двете страни и оставете да отстои десетина минути. За тоа време пропржете го кромидот на масло, посолете, додадете ја мелената пиперка и мелените ораси (или многу ситно исечкани). Со ова наполнете ја рибата, а стомакот закачете го со чепкалки.  Премачкајте ја со масло и алева пиперка и печете ја во рерна околу 45 минути, по малку преливајќи ја со топла вода и сокот од печењето.

x

Check Also

Превкусна кремаста чорба од тиквички

Тиквичките се совршена намирница која може да се подготвува на различни начини. ...