Бакопа, цвеќе кое ќе го разубави секој балкон

Ако барате цвеќе кое ова лето дополнително ќе го разубави вашиот балкон или двор, ви ја предложуваме чудесната, преубава бакопа. Доаѓа во богата палета на бои, а ако малку се погрижите за неа – ќе ви возврати со бујно расцетување и безброј ситни цветчиња.

Бакопата е ползечко односно „висечко“ цвеќе кое расте до висина од десет сантиметри, но има многубројни висечки гранчиња кои можат да пораснат до 100 сантиметри. Тоа ја прави идеална за жардинерии и висечки саксии, а нејзините слап-цветови ќе го украсат балконот на неверојатно убав начин.

Бакопата цути од јуни до октомври, а најдобро расте на сонце или во полусенка, со редовно наводнување (никако со ладна вода). На бакопата и одговара добро дренирана, плодна и континуирано влажна земја, додека на суша и на мраз е чувствителна.

Цветовите на бакопата можат да бидат еднобојни или со повеќе бои, а најчесто се бели, виолетови, розови и жолти. Исклучително е убава и во комбинација со други цветови.

Не бара многу за одржување и лесно се одгледува.

x

Check Also

Доделени наградите на затворањето на 18. CINEDAYS

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Зад хоризонтот“ на ...