Балетанки во пролетни бои

Понудата во продавниците е навистина разновидна, а највпечатливите модели се во светли бои и дезени на кои оваа пролет навистина тешко ќе биде да им се одолее.

b1Пролетта е секогаш инспиративна за дизајнерите, особено кога станува збор за обувките. Во големиот избор се издвојуваат балетанките, кои во ова време од годината се многу актуелни. Стилистите велат дека секоја комбинација за облекување ја прават поженствена и и даваат софистицирано чувство, па затоа ги предложуваат со сите стилови.

Згора на тоа – тие се лесни, комфорни и може да се носат со сè, но многу е важно секогаш да ги синхронизирате со боите на облеката. Понудата во продавниците низ градот е навистина разновидна, а највпечатливите модели се во светли бои и дезени на кои  навистина тешко може да им се одолее.

 b3

Со оглед дека трендот на светли тонови доминира и во гардеробата, балетанките можете да ги вклопувате и со облека од најновите колекции за сеозната пролет/лето. За дамите кои сакаат класика, постојат едноставни модели од кожа, во кафена, црна или крем нијанса. Ако, пак, сакате да го освежите вашиот изглед, изберете балетанки со интересни отпечатоци на цвеќе, овошје, геометриски шари, линии…

Моделите со светки, каменчиња, панделки, нитни и други метални детали се исто така многу шик.

 

x

Check Also

Нови модни парчиња од & Other Stories инспирирани од 80.те години

Популарната модна марка & Other Stories продолжува да го поддржува трендот од 80-те ...