Mango

Балетанки во пролетните колекции на Mango и на Zara

Судејќи според моделите на чевли кои доминираат во пролетните колекции на популарните модни марки, практичните балетанки, кои се многу удобни за носење, остануваат во тренд и во сезоните пред нас.

Zara

 

И среќни сме што е така! Доколку сакаме денот да го минеме динамично, балетанките се одлична и поелегантна замена на патиките. А и лесно се комбинираат со останатиот дел од гардеробата.

Убави модели на балетанки најдовме во пролетните колекции на Манго и на Зара. Кај Манго тие се впечатливи со сјаен, светкав финиш или пак, со повторно актуелниот змијски принт.

Зара ни нуди неколку модели на балетанки на кои доминираат детаљите, односно панделките, светките и ремчињата. А и материјалите се различни, па секој би можел да си го задоволи вкусот, одговараќи истовремено и на трендот, од пролетната понуда.

Проверете во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Листа на желби: Еспадрили со висока платформа од GUESS

Во летната колекција на GUESS најдовме еспадрили вредни за внимание! Ако сте и ...