Барате светкави модни парчиња за празничната сезона? Еве 25 идеи каде да ги купите

Светките се најзабавните детали на облеката кога се во прашање забавите, а декемвриската сезона пред нас е полна со празнични прославувања, веселби и дружења.

mango

Годинава, светкави модни парчиња лесно ќе најдете во зимските колекции речиси на сите популарни модни марки, а најголем избор има во Mango, Zara, Stradivarius и Pull&Bear. Може да изберете забавно модно парче во диско стил или елегантно модно парче, може да се „наросите“ со светки само со една блузичка, или пак, да „светнете“ од главата до стапалата!

Прекрасни елегантни светкави фустанчиња пристигнаа со новата колекција на Манго. Во забавните пак, младешки модели, оваа година предводат  Pull&Bear.

Но секако, во колекциите на „хај стрит“ бредновите присутни кај нас, ќе најдете нешто по ваш вкус. Нашите предлози проверете ги во фотогалеријата.

x

Check Also

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, ...