Барате венчаница? Инспирирајте се од новата колекција на Зухаир Мурад

Новата колекција на венчаници на прочуениот либански дизајнер Зухаир Мурад, дизајнирана за сезоната есен/зима 2019, е инспирирана од цветот лотус.

Моделите се фокусирани на белата тантела декорирана со флорални везови, наменети за модерни невести. За оние пак кој ја сакаат повеќе традиционалната естетика, тука се венчаниците со долги ракави и волуминозни здолништа.

Палетата на бои останува традиционална, бела, со нијанси на слонова коска. Од детаљите впечатливи се кристалните украси и прекрасните велови со 3Д цветни апликации.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...