Модната марка за долна облека Викторија сикрет има нов ангел во своите редови. Тоа е Барбара Палвин, манекенка од Унгарија, која ги доби ангелските крила. Палвин за Викторија сикрет првпат настапила на ревија во 2012 година.
Унгарската убавица е позната по нејзините прекрасни сини очи и женственото тело. Моментно таа има 11 милиони следбеници на својот Инстаграм профил.
-„Горда сум да ја претставувам Унгарија и на новото поглавје во мојот живот“, напиша 25годишната манекенка на Инстаграм.