Ништо не е невозможно. Благодарение на Барбери и Гугл емоциите можат да станат дигитализирани.
Динамичното дуо Барбери и Гугл лансираа проект наречен Барбери бакнежи преку кој емоциите, поточно бакнежите, можат да се испратат на дигитален начин.
Виртуелни бакнежи ќе можат да се испраќаат на саканите луѓе во целиот свет преку компјутерот или мобилниот телефон, а се’ што ќе биде потребно е да ги допрете вашите усни до екранот и така „виртуелно засадениот“ бакнеж да го испратите преку порака. Колку посилно ќе ги притиснете вашите усни на екранот, толку и бакнежот ќе добие посилна боја. Дополнително ќе можете да избирате и бои за бакнежот од палетата на Барбери. Вашите бакнежи можете да ги оставите тука.
Погледнете го видеото.