Барби подготена да „шутира“ во срцата на оние кои ја следат модата

Креацијата на бразилскиот уметник Ромеро Брито ги израдува колекционерите на куклите Барби.

b32

Станува збор за лимитирана едиција на луксузна Барби посветена на Светското фудбалско првенство.

Иако поразот на фудбалската репрезентација на Бразил тешко ќе биде заборавен, бразилскиот уметник Ромеро Брито ја облече славната кукла во боите на неговата репрезентација.

„Го сакам митот создаден околу Барби – вели Брито – и сите убави работи кои ме инспирираат да создадам нова убавина. Барби не потсетува дека сите можеме да се стремиме кон замислената совршена убавина и дека може да ја достигнеме, дека соништата може да ни се исполнат”.

Таканаречената Барби Брито е облечена во фустан со поп принт кој е карактеристичен за делата на уметникот. Носи високи зелени чорапи, чизмички на висока потпетица и бели очила за сонце. Во раката држи фудбалска топка подготвена да „шутира“ во срцата на оние кои ја следат модата.

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...