Барби стана нормална девојка

Деми Ловато е првиот голем фан на новата Барби која ги има сите облини на една нормална девојка.

барби 2

Сте се запрашале ли каква ќе беше Барби да беше вистинска девојка? Веројатно висока 190 сантиметри, тешка 45 килограми  и веројатно во таков случај би и’ било поудобно (поради гравитацијата на големите гради) да оди на четири нозе отколку да стои исправено. Веројатно и карлицата би и’ била претесна за да добие менструација.

барби 3

Но, оваа Барбика е поинаква. Имено,  уметникот Николај Лам креираше тродимензионален модел на Барби според пропорциите на просечната 19 годишна девојка. Новата Барби е пониска и има поголеми облини.

барби 1

„Многумина велат дека треба да се обрне внимание на пропорциите на телото на Барби кои делуваат фрустрирачко на многу млади девојки. Тоа пак непосредно води кон нездрави навики во исхраната“, вели Лам.

бабри 4

Неговата Барби затоа е здрава и и има цел да покаже дека токму просечното тело е убаво.

„Нормалната Барби покажува дека сте убави такви какви што сте“, објаснува уметникот.

Што мислите вие за неговата нова кукла?

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...