Барби светот на Џереми Скот за Москино и Барби-кукли облечени во Москино

Мисли розово! Како Барби. Од колекцијата за пролет 2015 година на Џереми Скот голема корист ќе има и производителот на Барби-куклите Мател.

m5

Минатата сезона Џереми Скот ја презентираше својата прва колекција за Москино, инспирирана од чоколадите, слатките, брзата храна и поп културата.

За сезоната пролет/лето 2015 година пак, Џереми Скот ја најде инспирацијата во светот на најпопуларната кукла, Барби, а мотото на модната ревија на Москино на миланската модна недела беше „Мисли розово“.

m3

M2

Производителот на Барби-куклите, Мател, пред да започне модната недела го поддржа Москино стилот и тоа преку Инстаграм, најавувајќи ја линијата на Барби кукли облечени во колекцијата на Скот која за кусо време доби над 250.000 следбении.

 

x

Check Also

& Other Stories ја претстави колекцијата за меѓу сезоните

Преземете го стилот инспириран од Лос Анџелес со дизајни од креаторите на ...