Барбиката на Лагерфелд ќе разочара многу живи барбики: има се тоа што тие немаат…и личност!

Седа коса, машки костум, темни очила за сонце…и личност! Аха, иста е како креаторот кој одново ја „роди“.

kb77

Големо враќање на куклата Барби е на повидок. Се разбира, производителот на играчки Мател веќе може да почне да ги трие рацете. Само од првите цртежи потпишани од модниот гениј Карл Лагерфелд модерната Барби, која ќе биде лансирана на пазарот во чест на 55-от роденден на Мател, ги освои сите симпатии.

kb57

Малку чудна Барбика која ќе разочара многу русокоси убавици со маркантни гради и долги вештачки трепки. Оваа Барбика баш има карактер – носи големи темни очила за сонце, црн костум скроен по мерка, бела кошула со високи крагњи и црна вратоврска. Косата и е седа и собрана во опавче.

Ај погодете на кого личи.

x

Check Also

Збогум ножици, Жан Пол Готје го напушта светот на високата мода

По 50 години кариера, Жан Пол Готје го објави своето пензионирање преку ...