Баретките се во тренд: Пронајдете ја вашата „француска пријателка“ во MISS SPICE ACCESSORIES

На социјалните мрежи, особено на Инстаграм профилите на познатите девојки од модниот свет и шоубизнисот, повторно доминацијата ја презедоа баретките како задолжителен моден додаток за трендовски изглед во постудените денови.

Додека во минатото препознатлив стил на носење баретка имаа Феј Данавеј, Дорис Деј и Брижит Бардо, денес баретките ги носат ѕвездите како Ријана, Елза Хоск, Џиџи Хадид и Жанел Мари Лојд.

Годинава и на модните недели во светските метрополи баретките често ги гледавме како дел од колекциите на дизајнерите, на модната писта, но и во публиката. Актуелната слика од уличната мода пак, јасно ни покажува дека од „високата мода“ баретките се симнаа и на улиците, пренесувајќи многу повеќе од само стилска порака.

Доколку сеуште не сте си го набавиле најшармантниот моден додаток на зимската сезона, побарајте ги во најблиската до вас продавница на MISS SPICE ACCESSORIES (лоцирани: во Скопје во Веро Jumbo, ГТЦ приземје, Веро 2 Тафталиџе, Ramstore Mall, во Тетово во Веро и Palma Mall, а во Битола во Веро 4).

Достапни се во продажба по многу прифатливи цени и во различни бои.

x

Check Also

Слатки како шеќер: Лакирани патики од Bershka во шеќерна нијанса

Меѓу големиот избор на патики за летната сезона, погледот ни застана на ...