Бебе Постер… Еден момент, една линија љубов!

Ја љубиме уметноста во сите нејзини форми. Талкајќи по нови креативни приказни срцето ни застана пред една илустрација чие создавање и креирање може да го знае само една мајка.


Магијата на новиот живот, нов член во едно семејство е инспирација на најубавите илустрации кои некогаш ги имаме видено. Вистински, искрени, моќни и полни љубов се постерите на Елена Граматикова креатор на брендот Бебе Постер.


Бебе Постер е постер кој го зачувува моментот кога прв пат се запознавате со вашето бебе. Спомен персонализиран со податоци на бебенцето и илустрација во големина колку што било кога се родило, за време на првата прегратка.


– Сѐ започна во моментот кога станав мајка. Најсилната емоција исполнета со љубов ја почуствував кога за прв пат го прегрнав, само неколку секунди откако дојде на овој свет. Тој е тој момент кој го раскажувам со Бебе Постер, затоа и слоганот е „еден момент, една линија љубов“.

– Инспирацијата за да го создадам Бебе Постер е мојот син Калин, и токму на неговиот прв роденден ги активирав Instagram и Facebook профилот. Постојано велам, Бебе Постер е на Калин!

–  Се трудам да го зачувам секој момент со Калин, мали работи кои ќе ме потсетуваат на секојдневни ситуации кои нема да се повторат бидејќи секој ден моето мало бебе станува се поголемо детенце.

– Бебе Постерот на Калин стои урамен на ѕидот во нашиот дом и секој пат кога ќе поминеме покрај него ни се полни срцето со топлина сеќавајќи се на првата прегратка….колку било мало….кога ли порасна.

– Бебе Постер е посебен и оригинален, уметничка слика достојна за сечиј ѕид. Илустрациите се еднолиниски, рачно нацртани од страна на талентираниот Андреј Павлов.

– Од секогаш сум била воодушевена од скандинавскиот минимализам, ненападните бои, нијанси, форми и практичноста на секој детаљ. Сакам работи кои се истовремено убави и имаат функција.

– Направивме соработка со Андреј со цел Бебе Постер да биде уникатно и оригинално уметничко дело за сечиј дом и спомен за најубавиот момент на секој родител. Илустрацијата ја збогативме со позадина во пастелни бои и срценце за да може да се прилагоди на сечиј вкус. Вториот дел од слоганот на Бебе Постер ја отсликува токму таа еднолиниска илустрација на бебенцето на постерите, „една линија љубов“.

– За креирање на секој постер потребни се информации за бебенцето, поточно илустрацијата се прави во големина колку што било бебенцето на раѓање па затоа мора да ја имаме димезнијата колку е родено. Дополнително постерот е перонализиран со име, датум, час, висина и тежина на бебенцето.

– Секој нарачател избира каква сака илустрација, во моментов имаме две опции, и дали и какви бои сака да бидат додадени. Нарачките се прават преку апликација во која се пополнуваат сите податоци кои ни се потребни за да може да го изработиме постерот.

– Животот е множество приказни кои ги живееме, раксажуваме, уживаме и се трудиме да ги запамeтиме. Има многу работи кои сакам да останат засекогаш со мене но знам колку е тешко секој момент да го запамeтиш бидејќи секогаш следи нов бран на приказни и искуства кои едноставно си бараат место за себе. Па така филтрираме, забораваме и губиме дел од приказните.

– Бебе Постер е направен да им помогне на сите родители да запамтат еден од најважните моменти во нивниот живот, моментот кога прв пат го запознале своето детенце.

– Бебе Постер е совршен подарок кој го илустрира раѓањето на новиот живот… илустрација која во себе носи премногу емоции и љубов.

– Креативната приказна на Бебе Постер ќе продолжи да доживува свои нови облици, а Елена внимавајќи на секој детаљ заедно со нејзиниот сопруг работат на сопствена апликација за нарачки и веб страна за сите оние кои сакаат да подарат Бебе Постер и да се запознаат со понудата на брендот.

Момент кој го илустрира почетокот на една нова приказна полна љубов!

x

Check Also

MANGO ‘ROMANTIC VIBE’ едиторијал за пролет 2020

Моделот Луна Бијл позира за едиторијалот на Mango насловен Romantic Vibe.  Манго ни ...